Непознатиот маж носел фармерки и тексас јакна
Тело на маж е пронајдено попладнево на Бегеј во Зрењанин.
Според првите информации, граѓани пријавиле дека на површината на реката плови тело на непознат маж.
Пожарникарите и неколку полициски патроли веднаш излегле на терен, а телото го извлекле на брегот.
Мажот кој бил извлечен од водата бил облечен во фармерки и тексас јакна.
На лице место се врши увид.
Засега не се знае кој е мажот и како завршил во реката.