УЖАС НА ПРОТЕСТОТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Едно лице загина, има и повредени!

Од непозната причина камион влетал во толпа луѓе за време на протестот на автопат во Германија

Возач на камион кој со своето возило влетал во толпа за време на протестот на земјоделец на автопат во Германија загинал на местото на несреќата, потврди полицијата.

Според досегашните информации, камионот од непозната причина налетал во толпата, а несреќата се случила во 13 часот и 35 минути на автопатот североисточно од Франкфурт, пренесува Билд.

Од силината на ударот дошло до судир на три камиони, од кои едниот превезувал нафта за греење, при што истеколе неколку илјади литри, се наведува во полициското соопштение.

Полицијата не објави информации за останатите повредени, а неофицијално се претпоставува дека се повредени две лица.

Итната помош, пожарникарите и полицијата, вклучително и спасувачки хеликоптер, брзо пристигнале на местото на настанот, а истрагата за точната причина за несреќата е во тек, пренесува Телеграф .