Украина бара соработка во одбранбеното производство со светските компании, понуди специјални услови

– Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги повика глобалните одбранбени компании на заедничко производство.

Зеленски и министерот за одбрана Рустем Умеров присуствуваа на првиот меѓународен форум за одбранбена индустрија што се одржа во Киев, на кој учествуваа повеќе од 252 одбранбени компании од над 30 држави.

„Производителите на оружје и воена опрема од целиот свет, со приклучување кон основната декларација на оваа алијанса, можат да ја покажат својата подготвеност да го изградат арсеналот на слободниот свет заедно со Украина“, рече Зеленски.

Тој одржа состаноци со претставници на одбрабени компании од Туркије, САД, Велика Британија, Германија, Франција, Шведска и Чешка, кои дојдоа во Киев, се вели во соопштението на неговиот Кабинет.

„Наш приоритет е развој на одбранбено производство со користење на современи технологии, вклучително и производство на гранати, ракети и дронови во Украина, во соработка со глобалните лидери во оваа област“, напиша тој на платформата X.

„За време на состанокот со претставниците… разговаравме за перспективите за партнерство и заедничко производство на оружје.“

„Украина е подготвена да понуди посебни услови за компаниите кои сакаат да развијат одбранбено производство заедно со нашата земја“, додаде украинскиот претседател.