Украина врати 18 квадратни километри територија

– Украина денеска соопшти дека минатата недела повторно зазела 18 квадратни километри територија од руските сили, вклучително и седум квадратни километри околу разурнатиот град Бахмут на истокот од земјата.

– Во текот на минатото недела, како резултат на подобреното оперативно (тактичко) позиционирање на линијата на фронтот кон Бахмут, ослободена е територија од седум квадратни километри, се вели во соопштението на украинската заменичка министерка за одбрана Гана Малиар на Телеграм.

Бахмут падна под руска контрола во мај по неколку месеци конфликт.

Малиар додаде дека од минатата недела уште 11 квадратни километри на југот на Украина повторно се под контрола на Украина, што со областите околу Бахмут изнесува вкупно 18 квадратни километри.