Украина: Соборивме 41 беспилотно летало, повеќето во регионот на Одеса

– Украинската Армија синоќа собори 41 руско беспилотно летало од типот „Шахед“, од кои повеќето во областа Одеса.

Украинската државна служба за вонредни состојби соопшти дека во руските напади во областа Одеса се повредени 11 лица, меѓу кои три деца, а има и материјална штета.

Командата на украинските воздухопловни сили наведе дека руската Армија ноќе извршила напад на украинска територија со беспилотни летала „Шахед“ и противвоздушни наведувани ракети С-300.

Беше наведено дека Русија истрелала шест наведувани ракети во правец на регионите Миколаев и Херсон, дека 42 руски беспилотни летала биле откриени во украинскиот воздушен простор и дека главниот правец на нападот бил регионот Одеса.

Тие наведоа дека како резултат на борбените операции биле соборени 41 беспилотно летало, од кои повеќето биле во регионот на Одеса.