Украинската армија гранатираше цели во Доњецката Народна Република

 Украинската армија денеска отвори артилериски оган двапати во интервал од 20 минути користејќи НАТО стандардни артилериски гранати од 155 милиметри.

Цели биле окрузите Петровски и Кировски во Доњецката Народна Република (ДНР), како и Јасиноват, соопштија од мисијата на ДНР во Заедничкиот центар за контрола и координација на прашањата поврзани со воените злосторства во Украина.

Според информациите на центарот објавени на каналот Телеграм, украинската армија истрелала 14 гранати во насока на Доњецк и пет гранати кон Јасиноват.