НИКОЛА МИРОТИЌ ВЕЧЕРВА ПРИСТИГНА ВО БЕЛГРАД: Сите се прашуваат каде оди, дали е блиску до договор со Црвена Звезда или со Партизан?

Довчерашниот кошаркар на Барселона Никола Миротиќ вечерва слета во Белград.

Многумина шпекулираат дека тој ќе го финализира договорот за неговата иднина.

Миротиќ нема да ја продолжи кариерата во Барселона, а прашање е која е неговата следна дестинација, пренесува Sport Club.

Меѓу потенцијалните клубови се Црвена звезда и Партизан, како и Олимпијакос и Панатинаикос.

Сепак, договорот со неговиот иден клуб зависи од разврската на ситуацијата со Барселона, која поради предвременото раскинување на соработката мора да му плати 22 милиони евра.

Миротиќ минатата сезона во Евролигата имаше просек од 14,1 поен и 5,1 скока по натпревар. Тој е во каталонскиот клуб од 2019 година, а претходно играше за Реал, Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс и Милвоки Бакс.