Украинската армија изврши 14 воздушни напади врз позициите на руската војска

– Украина вчера изврши 14 воздушни напади врз позициите на руската војска, соопшти Генералштабот на украинската армија на Фејсбук.

– Нашите бранители уништија два противвоздушни ракетни системи, тврди ГШ на украинската армија.

Во соопштението се посочува и дека украинските ракети и артилерија вчера погодиле три контролни пунктови, пет магацини за муниција и три артилериски единици.

– Русија ги концентрира своите воени напори во правците Лиман, Бахмут, Авдивка и Маринка, истакнува ГШ на украинската армија.