Украински партизани тврдат дека убиле руски лидер во областа Херсон

Украинската партизанска група Атеш тврди дека го убила заменик-шефот на проруската воена администрација на окупираниот град Нова Каховка во јужниот регион Херсон.

Во објава на нивниот канал Телеграм, партизаните тврдат синоќа кусо време по полноќ активирале бомба и го убиле службеникот додека се приближувал кон неговиот автомобил на авенијата „Победа“.

Во нападот нема повредени цивили, соопшти партизанската група. Овие тврдења не се независно потврдени.

Атеш е група партизани и диверзанти кои спроведуваат акции во окупираните делови на Украина. Во нејзината работа учествуваат Украинци, кримски Татари и Руси, а дејствува од септември минатата година.