Ултрасите на ПСЖ нема да го исвиркуваат Мбапе иако тој си заминува од клубот

Најжестоките навивачи на Пари Сен Жермен, нема да го исвиркуваат Килијан Мбапе. Се очекува 25-годишниот фудбалер да му се приклучи на Реал Мадрид како слободен играч на крајот од сезоната. 

ПСЖ и Мбапе заеднички ќе го објават заминувањето веднаш штом напаѓачот потпише договор со Мадрид. 

Застапниците на Килијан успеа да воспостави односи со влијателни лидери на париската навивачка група, па нивниот однос кон напаѓачот е прилично мек.

„Collectif Ultra Paris“ (CUP) побара да не се исвиркува Мбапе и да не се реагира на било кој начин на информациите за можно заминување на играчот, барем до официјалното соопштение.

Покрај тоа, навивачите можат да организираат свеченост во чест на напаѓачот на крајот на сезоната.

Мбапе постигна 244 гола за ПСЖ – тој е најдобар стрелец во историјата на клубот.