Ураганот Идалија ја разори Флорида – Градот е уништен, стотици илјади луѓе се без струја (ВИДЕО,ФОТО)

ОПАСЕН Ураган од трета категорија Ураганот Идалија (од максимални 5) денеска ја проби Флорида, со постојан ветер од околу 200 км/ч. Идалија беше третиот ураган на Флорида во изминатата година, по ураганот Иан во септември 2022 година и ураганот Никол во октомври 2022 година.

Издадено е предупредување за торнадо за речиси 12 милиони луѓе низ централна и северна Флорида и југоисточна Џорџија. 

Идалио подоцна ослабе, а вечерва Националниот центар за урагани на САД го класифицираше како тропска бура. Сепак, заканата од поплави, бура и силни ветрови продолжува во делови од Џорџија и Јужна Каролина.

Нивото на водата во пристаништето Чарлстон, Јужна Каролина ја надмина прогнозата од 2,6 метри и достигна 2,73 метри, објави метеоролошката служба на платформата Икс

Тоа е петтото највисоко ниво некогаш забележано и е само малку зад вредностите забележани во 2016 година.

Невремето се очекува до вечерва да го зафати поголемиот дел од југоисточниот брег на САД, додека „Идалија“ сега стана тропска бура со брзина до 96 километри на час, соопшти Националната метеоролошка служба.

Метеоролозите најавија дека денеска се очекува поплавување на крајбрежната област во американската држава Северна Каролина.