Урсула фон дер Лајен: Италијанско-албанскиот договор за имигранти да послужи како модел за другите земји
Договорот меѓу Албанија и Италија за ииигрантите е добар пример за решавање на имиграциските прашања, оценува претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во писмото упатено до членовите на унијата нагласувајќи дека договорот меѓу двете земји е „модел“ кој ги почитува меѓународните права, јави abcnews.al.
-Во последните месеци бевме сведоци на важни иницијативи промовирани од земјите-членки, како што е оперативниот договор меѓу Италија и Албанија. Тоа е пример засновано на правично споделување на одговорностите со трети земји, во согласност со обврските дефинирани со меѓународното и правото на ЕУ, оценува таа.
Смета дека треба да се истражуваат различни форми на соработка со земјите партнери врз основа на заемен интерес.
Според телевизијата министер за надворешни работи Антонио Тајани иако не ја коментирал одлуката на албанскиот Уставен суд, кој ја суспендира ратификацијата на договорот во парламентот, сепак не изразил загриженост.
-Не ме загрижува одлуката на Уставниот суд во Албанија за имигрантите. Мислам дека тоа е правно прашање кое брзо ќе се реши, но не е наше да ги коментираме одлуките на судот на земја која е кандидат за членство во Европската унија, нагласил Тајани.
Одлуката на судот, вчера, не сакаше да ја коментира и албанскиот премиер Еди Рама, велејќи дека тоа е работа и право на судот.
-Тоа е право на Уставниот суд, тоа е санкционирано во Уставот. Автоматска должност на Уставниот суд е да разгледа меѓународен договор пред неговата ратификација и немам што да додадам и не гледам ништо поврзано со моите должности, рече Рама.
Уставниот суд во вторник донесе одлука да ја разгледа тужбата на пратениците од опозицијата за договорот со Италија за имигрантите и расправата ја закажа за 18 идниот месец.
Договорот предвидува формирање на два прифатни центри во Албанија, каде годишно ќе се примаат до 36.000 имигранти.