Ученик убиен во пресметка со ножеви во средно училиште во САД

 – Еден ученик почина, а друг е ранет во пресметка со ножеви во средно училиште во американската сојузна држава Северна Каролина.

Локалните медиуми објавија дека тепачката меѓу учениците избувнала во фискултурната сала на Средното училиште „Роли Магнет“.

Еден ученик, кој бил избоден за време на пресметката, го загуби животот, а друг е повреден.

Шефицата на полицијата на Роли, Естела Патерсон, изјави дека осомничениот е приведен, а повредениот ученик е префрлен во болница.

Полицијата објави дека осомниченото 14-годишно момче е во притвор и дека е обвинето за убиство.

Градоначалникот Роберт Тејлор изјави дека училиштата треба да бидат безбедни места за учениците и вработените.

„Ќе ја разгледаме безбедносната политика по оваа трагедија“, рече Тејлор.

На видеоснимката што кружи на социјалните мрежи, забележана е тепачката, а неколку моменти подоцна, двајца ученици се избодени со нож, од кои едниот почина.