По серијата земјотреси, поточно три земјотреси кои утрово се случија во Србија, регистриран е уште еден.
Како што соопшти Републичкиот сеизмолошки завод, земјотресот се случил во Мајданпек, со јачина од 1,7 степени според Рихтеровата скала, а е регистриран околу 10 часот.
Земјотресот се случил на длабочина од 7 километри.
Апаратите на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија рано утринава регистрираа три земјотреси.
Првиот земјотрес е регистриран во Крагуевац околу 5 часот утринава и бил со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала.
Потоа, еден час подоцна, во Нови Пазар е регистриран земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала.
Последниот земјотрес утринава е регистриран утринава во осум часот во Куршумлија и е послаб од претходните два што го тресеа теренот во Србија. Евидентиран е земјотрес со јачина од 1,6 степени според Рихтеровата скала.