Уште еден земјотрес ја погоди Црна Гора

Одделението за сеизмологија на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија денеска регистрираше земјотрес со помал интензитет со епицентар на подрачјето на Даниловград (Црна Гора) во 11:22 часот.

„Јачината на овој земјотрес во хипоцентарот (фокус) бил 2,8 единици по Рихтеровата скала, што одговара на епицентралниот интензитет на III-IV степен на Меркалиевата скала (MCS). Епицентарот на овој земјотрес е лоциран на длабочина од 21 километар“, се наведува во соопштението на Институтот.

Врз основа на нумеричкиот модел на промената на интензитетот со растојанието во овој регион, јачината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес не може да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје, се додава во соопштението.