Денвер Нагетс една победа ги дели од првата титула во историјата на франшизата во НБА, а првата ѕвезда на тимот, Никола Јокиќ, продолжува да ги поместува границите во најсилната кошаркарска лига во светот.
Во четвртиот меч Србинот забележа 23 поени, 12 скока и четири асистенции, иако добар дел од четвртата четвртина мина на клупата поради пет лични грешки.
И тоа беше доволно за да направи нешто што никој досега не го направил. Јокиќ стана првиот играч во историјата кој стигнал до 500 поени, 250 скока и 150 асистенции во еден плејоф. Јокиќ до овие бројки стигна на 19 натпревари.
Моментално во плејофот има просек од 30,1 поен, 13,3 скока и 9,8 асистенции.
Јасно е дека доколку Денвер ја освои титулата, Јокиќ ќе биде МВП на финалната серија против Мајами.