УШТЕ ЕДЕН СТРАШЕН НАПАД НА АЈКУЛА: На сурфер му ја одгризалa ногата – во тешка состојба, овој детал го привлече вниманието на сите

Нов хорор.

Сурфер е во тешка состојба откако ајкула го касна за нога во близина на Хонолулу , соопштија денеска официјални лица.

– Ајкула нападна 58-годишен маж во неделата околу 7:00 часот по локално време , во близина на басенот Кевало – соопшти Итната медицинска помош (ЕМС) во Хонолулу, пренесе АП.   

Службите за итни случаи реагирале и лекувале човек кој сурфал и бил каснат за десната нога од ајкула, се вели во соопштението на ЕМС.

Властите не го објавија идентитетот на сурферот.  

– Персоналот за безбедност на океанот во Хонолулу ќе продолжи да патролира во водите на басенот Кевало и Ала Моана по каснувањето од ајкула утринава. Спасувачите поставија знаци во областа , рече портпаролката на ЕМС Шејн Енрајт.