У19: Македонските фудбалерки на силен меѓународен турнир во Словенија

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години оваа недела ќе настапи на силен меѓународен турнир во Словенија, во рамки на подготовките за претстојните квалификации во Лигата на нации на УЕФА.

Избраничките на селекторот Астрит Мерко настапот на „Словенија куп“ ќе го отворат утре против домаќинот, по што следуваат дуелите со Чешка и Португалија.

 За трите контролни натпревари кои македонската репрезентација ќе ги одигра во Крањска Гора селекторот Мерко повика 20 фудбалерки.

Настапот на „Словенија Куп“ ќе биде последната проверка за македонските фудбалерки до 19 години пред настапот на квалификацискиот турнир во рамки на Б-дивизијата во Лигата на нации, што од 24 до 30 октомври ќе се одржи во Ерменија во рамки на групата Б4 во која се и репрезентациите на Украина и Луиксембург.