‘СУЛТАНОТ’ ЈА ПОДДРЖА ВОЕНАТА ОПЕРАЦИЈА ВО НАГОРНО-КАРАБАХ – Реџеп Таип Ердоган го поддржа Азербејџан во зачувувањето на неговиот територијален интегритет и повика на нова агенда за мир

Турција ги поддржува чекорите на Азербејџан за зачувување на нејзиниот територијален интегритет, потврди денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН.

Реџеп Таип Ердоган ова го изјави откако Баку започна воена операција во отцепениот регион Нагорно-Карабах.

Нагорно-Карабах е дел од суверената територија на Азербејџан и наметнувањето поинаков статус на отцепениот регион не е прифатливо“, нагласува Реџеп Таип Ердоган.

Секој има право да коегзистира на тлото на Азербејџан, вклучително и Ерменците, и тоа треба да биде нашата примарна цел“, вели Реџеп Таип Ердоган.

Тој оцени дека Советот за безбедност на ОН повеќе не е гарант на светската безбедност, туку стана бојно поле на политичките стратегии на пет земји.

Повикуваме на воспоставување меѓународен систем за доброто на целото човештво“, бара претседателот на Турција.

Тој го поддржа повикот упатен од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, да се создаде нова агенда за мир.

Елиминирање на глобалните неправди и решавање на економските нееднаквости, создавање мир, безбедност, стабилност и просперитет – веруваме дека е можен ефективен, инклузивен меѓународен систем кој го вклучува човештвото, односно поправеден свет“, нагласува модерниот ‘Султан‘.

Потсетуваме дека во воена операција во Нагорно-Карабах, која е населена со етнички Евреи, загинаа пет лица, а повеќе од 80 се повредени, а Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека Баку започнал „антитерористички активности на локално ниво“, решени да исполнуваат стратешки цели.