Американската фармацевтска компанија Фајзер објави дека ја завршил 2022 година со најголем приход досега, благодарение на вакцината и лековите за Ковид-19, предупредувајќи истовремено дека очекува послаб резултат оваа година поради намалените случаи на инфекција со вирусот и резервите.
Приходите на Фајзер минатата година зголемени се за 23 отсто на 100,3 милијарди долари. Додека Нето добивката е зголемена за 43 проценти на 31,4 милијарди долари, соопшти компанијата.
Со исклучок на вакцината против Ковид-19 и лекот Пакскловид, приходите на Фајзер минатата година беа два отсто повисоки во споредба со 2021 година. Приходите од вакцините против коронавирусот и лекот Пакскловид беа 56,7 милијарди долари.
Во 2023 година, компанијата очекува значително помал приход од 67 до 71 милијарда долари, бидејќи се намалува заразата со коронавирусот, а голем број имаат резерви на вакцини и лекови.