ФБИ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО СИТЕ АМЕРИКАНЦИ – “Зголемена e заканата од напади врз САД поради војната на Блискиот Исток“

Директорот на американското Федерално биро за истраги (ФБИ), Кристофер Вреј, порача дека во последните неколку недели голем број странски екстремистички организации повикаа на напади врз Соединетите Американски Држави и западните земји, сугерирајќи дека војната меѓу Хамас и Израел може да ги мотивира нападите.

Кристофер Вреј истакна дека ФБИ во моментов не истражува организирана закана за САД, но дека безбедносните сили се загрижени дека војната на Блискиот Исток може да послужи како инспирација за поединци или мали групи да ги нападнат Американците.

Тој додаде дека ФБИ очекува сајбер напади против интересите и инфраструктурата на САД и дека заканата од други напади ќе се влоши со ширењето на конфликтот.