На небото над Белград вчера нешто пред 14 часот провејуваше нешто налик на снегулки и сите мислеа дека паѓа снег, но не беше така!
Станува збор за ретка појава наречена крупа, за која многумина не ни слушнале, но вчера имаа можност да ја видат .
Крупа, инаку, е тип на високи врнежи карактеристични за зимскиот дел од годината, но се јавуваат и во текот на летото.
Се лачи во вид на кружни бели, непроѕирни и ронливи зрна со големина од два до пет милиметри. Најчесто паѓа заедно со снег и дожд, а кога ќе дојде во допир со земјата се распарчува.
Кога ќе падне крупа, температурата во приземјето може да биде доста висока, дури и до 10 степени. Тоа е ретка појава која најчесто се јавува на крајот на зимата.