Путин го објави договорот на векот, а потоа дојде студен туш: Кина одби да го потпише „Моќта на Сибир 2“, сега е јасно што му порача(л) Си во Москва

Веќе сега прекуграничните активности во Сибир премолчено ги оживуваат историските претензии на Кина кон овој стратешки регион богат со ресурси.

За Договорот „Моќта на Сибир 2“, проект за транспорт на гас од Западен Сибир до Кина преку Монголија, се дискутираше долго време, а од почетокот на војната во Украина, тој стана симбол на едностраниот и донекаде навредливиот однос меѓу Кина и Русија, што не е добра вест за Москва.

Ваквиот став на Кина беше забележан и при неодамнешната посета на претседателот Си Џинпинг на Москва, а западните аналитичари предупредуваат дека Си има своја мисија – да го стави богатството на Сибир под кинеска контрола.

Пред неодамнешната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Русија, претседателот Владимир Путин објави дека договорот за гасоводот е подготвен за потпишување, предвреме нарекувајќи го „договор на векот “, но Си одби да потпише било што. Во изјавите што можеа да се слушнат за време на неговата средба со Путин, Си воопшто не ја спомна „Моќта на Сибир 2“. Во последното заедничко обраќање, разочараниот Путин рече дека треба уште да се работи на „проучување и одобрување“, пренесува Јутарњи лист.

Прошталните зборови на Си до Путин, кои се однесуваат на „промени кои не се видени со векови“, може да се разберат во овој контекст. Кинеските аналитичари ја анализираа неговата порака, но јасно е дека Си се претстави како водач на „ревизионистичкиот напад врз либералниот светски поредок“, со Путин на негова страна.

Визијата на Пекинг за 100-годишнината на Народна Република Кина во 2049 година е глобален триумф на развиена, богата и моќна Кина, а тоа не вклучува споделување со Русија, пишува британски Телеграф во својата анализа.

Со оглед на тоа што кинескиот режим добива голем дел од својот легитимитет од овие реваншистички кампањи, плаќањето на Путин за сибирските ресурси делува како купување сребро од ограбувачите, велат аналитичарите.

Прекуграничните активности во Сибир веќе премолчено ги оживуваат историските претензии на Кина кон овој стратешки регион богат со ресурси .

Нападот на Путин на Украина можеби му ги сврте погледите од руската граница со Кина долга 4.200 километри, но Кинезите останаа фокусирани. Амбицијата на Си за „големото подмладување на Кина“ и се наметнува на Русија, чекор по чекор.