ФЕНОМЕН- 69 ГОДИНИ БИЛЕ СПОЕНИ ВО СТОМАКОТ, ГО ДЕЛЕЛЕ ПОЛОВИОТ ОРГАН Кога сакале да ги разделат, одбиле! Најчудната приказна за близнаците (ВИДЕО)
Рони и Дони Галион (Галион) од американската сојузна држава Охајо се родени на 28 октомври 1951 година со споен стомак и доживеале да бидат најстарите сијамски близнаци.
Најдолговечните сијамски близнаци до сега починаа на 4 јули 2020 година на 69-годишна возраст.
Во 2014 година, непосредно пред нивниот 63-ти роденден, браќата станаа најдолговечните споени близнаци. Властите соопштија дека тие починале од природна смрт.
Уште како деца почнале да се појавуваат на карневали и циркуси како атракција.
Нивниот брат Џим рече дека семејството живеело од нивниот приход со години.
Секој брат имаше свое срце, раце и нозе. Тие беа споени на половината и го делеле половиот орган, дигестивниот тракт и ректумот, над кои Дони имал контрола.
Споените близнаци се исклучително редок феномен и се случуваат еднаш на секои 200.000 живородени деца, додека стапката на преживување е од пет до 25 проценти.
Браќата се родени здрави во Дејтон во октомври 1951 година, но поминале две години во болница додека лекарите разгледувале опции за нивно раздвојување. На крајот родителите се откажале од разделбата, бидејќи лекарите не можеле да гарантираат дека и двајцата ќе преживеат.
„Господ нѐ направи такви какви што сме. Па нека не раздели Тој“, изјави во една прилика Рони.
Браќата Гелијон учествуваа во бројни ТВ емисии.