Филип заплакал пред судијата, а потоа го признал делото: „Ја убив Џулија, сакам да платам за се што направив“

Филип Туерто денеска пред истражниот судија во Верона призна дека ја убил својата поранешна девојка Џулија.

,,Се обидувам да реконструирам сè во мојата меморија и да се потсетам што се случи во мене таа ноќ. Срцето ми е скршено, жал ми е за трагедијата што ја предизвикав. Не сакам да бегам од одговорноста, сакам да платам за убиството на мојата поранешна девојка.Од почетокот намерата ми беше да се предадам“, изјави тој.

Тој не сакаше да зборува за деталите на злосторството и само го искористи своето право полицијата да го земе предвид сето она што им го кажа на италијанските власти по апсењето.

Кога му свртел грб на судијата и почнал да ја напушта просторијата, почнал да плаче.

Тој во саботата беше екстрадиран од Германија во Италија и оттогаш е во затвор во Верона.Џулија Чекетин

Тој пред десетина дена беше уапсен од германската сообраќајна полиција.

„Ја убив бившата девојка, талкав седум дена затоа што се обидов да ставам крај на животот. Неколку пати помислив да налетам на препрека, неколку пати дури и ставив нож на вратот, но немав храброст да се убијам“, изјави Филип на германската полиција.

Во наредните денови во Италија ќе пристигне и црниот фиат кој го возел Филип кога бил уапсен во Германија. По пристигнувањето форензичарите детално ќе го прегледаат автомобилот и сите предмети кои се запленети.

Адвокатот на сестрата на Џулија, Елена, за медиумите изјави дека Џулија била следена пред убиството.

„Филип Туерто се покажа како упорен вознемирувач. Неговото однесување покажуваше дека имал силна желба да ја поседува Џулија. Опсесијата ја оставила Џулија дезориентирана и вознемирена. Филип постојано ја следел, а потоа ја уби Џулија за да ја задоволи својата улога на демнат“, рекол адвокатот.