Филмот „Барби“ за само десет дена оствари брутална заработка: А тоа не е крај (ВИДЕО)

Светскиот интерес за ова достигнување не стивнува

За само десет дена по светската премиера, филмот „ Барби “ заработи неверојатни 775 милиони долари. Само во Америка и Канада филмот собра 350 милиони, а се очекува заработката да продолжи да расте.

Најуспешниот филм во кариерата на Маргот Роби

„Барби“ стана најуспешниот филм што Маргот Роби  го снимила во нејзината досегашна кариера.Ја надмина заработката на филмот „Suicide Squad“ кој во 2016 година заработи 746 милиони долари.

На сајтот IMDb филмот го оценија 150.000 луѓе и доби не толку голема оцена од 7,5, но и покрај тоа интересот за овој филм не се намалува во кината ширум светот.

Засега нема продолжување

Режисерката  Грета Гервиг откри дека моментално не се планира снимање на продолжение. Во интервју за The New York Times таа го кажа своето мислење за овој филм и дали „Барби“ може да биде почеток на филмска франшиза.

– Така се чувствувам на крајот од секој филм, како никогаш да нема да имам друга идеја и се што сум сакала да направам, успеав. Не сакам да уништам ничиј сон, но за мене во овој момент можноста за продолжение е нула– истакна Гервиг.

И покрај ова, компанијата Mattel влезе во светот на кинематографијата со ова достигнување и најавува уште 14 филмови за популарните кукли.