Филмски сцени во Куманово: Кај млада девојка пронајдени дрога и оружје

 Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово вчера ја лишиле од слобода С.М.(24) од Куманово.

Како што соошжпшти МВР, при претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.