ФИФА ја претстави официјалната топка за Светското клупско првенство

 ФИФА ја претстави официјалната топка со која ќе се игра на Светското клупско првенство оваа година.

Клупскиот фудбалски шампионат 2023 ќе се одржи во Саудиска Арабија од 12 до 22 декември.

На турнирот ќе настапат Флуминенсе, Манчестер сити, Урава Ред Дајмондс, Леон, Ал Ахли, Окленд Сити и Ал Итихад.

Актуелен победник на Светското клупско првенство е Реал Мадрид. Мината сезона „кралевите“ во финалето го победија Ал-Хилал (5:3).