Срдечно добредојде за претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Денеска уште еднаш ја потврдуваме нашата посветеност на евроинтеграциите преку реформските процеси кои ќе ни овозможат европските стандарди и услови за живот да ги имаме и дома, како и посветеноста на исполнувањето на стратешката цел, полноправното членство во ЕУ. Тоа е единствената можност за осигурување на попросперитетна и побогата иднина за денешните и идни генерации.