Фон дер Лајен се надева дека сите партии ќе ги поддржат уставните измени


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се надева дека уставните измени во Собранието на Македонија ќе бидат поддржани од сите партии за да ја одведат земјата на европскиот пат.

„Го поздравив поднесувањето на уставните амандмани од неговата Влада (Ковачевски) до Собранието. Се надевам дека сите страни ќе ја поддржат Македонија да оди напред на европскиот пат. Северна Македонија припаѓа на ЕУ“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Х по неформалната средба на лидерите од Западен Балкан и ЕУ во Атина по повод 20-годишнината од Солунската агенда за ЕУ.

Во Атина, Фон дер Лајен се сретна со премиерот Димитар Ковачевски, кој во изјава за АИМ рече дека во Европската општина разговарал за перспективата на Македонија и го изразил своето задоволство што процесот за уставни измени е започнат.

„Процесот започна успешно и се надевам, како што се надева ЕУ, дека во нашето Собрание ќе има визија и храброст пратениците да донесат важна одлука за продолжување на европската интеграција на Северна Македонија во Европската унија“, објасни Ковачевски.