ФОТО\ВИДЕО | ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА “ШОУТО“ НА ВЛАДИМИР ПУТИН – Претседателот на Русија го покажа својот двојник: “Владимир Владимирович, сакам да ве прашам…“

Откако пред еден месец истакна дека не треба да му се дозволи на Запад да развие монопол над вештачката интелигенција, Владимир Путин, во четвртокот за време на маратонската прес-конференција која традиционално ја одржува на крајот на годината, на која одговори и на бројни прашања од граѓаните, кажа дека Русија ќе стане лидер во вештачката интелигенција.

Но, како што пренесува медиумската агенција Reuters, неговата минатогодишна одлука да испрати десетици илјади војници во Украина поттикна многу талентирани експерти да ја напуштат Русија и доведе до санкции од Запад кои го ограничија рускиот увоз на висока технологија и ги попречија напорите да се натпреварува во таа трка.

Сепак, рускиот модерен „цар“ денес се соочи со верзија од себе создадена од вештачка интелигенција. „Двојникот“ ја искористи можноста да му постави прашање на Владимир Путин за вештачката интелигенција за време на неговата прес-конференција.

Владимир Путин во разговор со неговиот „двојник“ создаден со помош на вештачка интелегенција

Здраво Владимир Владимирович, јас сум студент на државниот Универзитет во Санкт Петербург. Би сакал да прашам, дали е вистина дека имате многу двојници ? И, исто така, како ги гледате опасностите што вештачката интелигенција и невронските мрежи ги носат во нашите животи ?“, гласеше прашањето на „двојникот“.

Прашањето го натера Владимир Путин малку да размисли за неговиот одговор, по речиси четири часа одговарање на секакви прашања. Тој потоа негираше дека има двојник, како што објави The Telegraph.

Гледам дека личиш на мене и зборуваш со мојот глас. Но, размислував за тоа и решив дека мора да има само една личност како мене и да зборува со мојот глас, а тоа ќе бидам јас“, порача Владимир Путин.

Во однос на вештачката интелигенција, ова е мојот прв близнак“, се пошегува тој и додаде: „Дали треба да се плашиме од вештачката интелигенција или не ? Спречување на напредокот на вештачката интелигенција… откривање мириси, сетила и поседување когнитивни способности… е невозможно… Ако не можеме да го спречиме, треба да продолжиме и да го водиме овој процес“.

Сепак, никој не знае каде ќе не однесе“, нагласи Владимир Путин.

Вакви медиумски настапи на рускиот претседател изостанаа минатата година – по украинските успеси во регионот Харков и Херсон – а оваа година, според некои извештаи, Русите испратиле повеќе од два милиони прашања.

Некои од нив беа многу критични и се појавија на телевизиските екрани за време на конференцијата – Владимир Путин не одговараше на вакви прашања, а се претпоставува дека влегле во медиумскиот простор поради грешка на организаторите на настанот.