ФОТО\ВИДЕО | Објавени морничави снимки од преполни болници: Светот се плаши од најлошото – дали во Кина се “роди“ нова пандемија !?

На социјалните мрежи се шират вознемирувачки видео-снимки од толпи маскирани луѓе во кинеските болници, а се стравува од мистериозна пневмонија која повторно ја зафати земјата.

Официјален Пекинг вели дека ниту еден нов вирус не е виновен за овој хаос, а властите им рекоа на луѓето да носат маски, да држат социјална дистанца и да останат дома ако не се чувствуваат добро.

Здравствените работници зголемувањето на заболените го припишуваат на грип и други чести болести.

Локалните медиуми објавија дека здравствените установи се преполни со болни деца, а видео-снимките кои кружат на социјалните мрежи можете да ги погледнете ОВДЕ.

слика
слика

Сепак, Министерството за здравство на Кина вели дека може да се справи со напливот на болеста што предизвика паника минатата недела кога за првпат се појави веста.

Светската здравствена организација официјално побара дополнителни информации од Пекинг за овие инфекции.

Некои истакнуваат дека бранот на болеста е морничаво сличен на извештаите што се појавија непосредно пред избувнувањето на пандемијата со вирусот Ковид-19, за која Кина беше обвинета дека ја прикрива.

Во новото соопштение објавено во неделата, Министерството за здравство на Кина тврди дека порастот на заболените е предизвикан од грип и други познати патогени. Ја отфрлаат можноста за нов вирус и посочуваат дека се е предизвикано од преклопување на вообичаени вируси како РСВ, грип и бактерии.

слика

Министерството за здравство на Кина ги повика локалните власти да отворат повеќе клиники и да промовираат вакцинација против грип кај постарите лица и децата.

На луѓето им е препорачано да носат маски, а локалните власти се повикани да направат се што можат за да го спречат ширењето на болеста во преполните места како што се училиштата и домовите за стари лица.

Кинеските здравствени власти велат дека зимските вируси потешко ја погодуваат нивната нација поради намалениот имунитет на населението бидејќи ова е прва зима без ограничувања поврзани со пандемијата.

Пекинг ја олабави својата строга национална политика за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19 дури во декември минатата година, по масовните протести на кои луѓето го повикаа Си Џинпинг да се повлече, пишува Daily Mail.

слика