ФОТОГАЛЕРИЈА | НЕВЕРОЈАТНИ СЦЕНИ ОД ГЕРМАНИЈА – Снего го блокираше Минхен – погледнете

Обилни врнежи од снег доведоа до значителни прекини во сообраќајот во Баварија, но и во други делови на Германија.

Потсетуваме, како што објавија германските медиуми, на аеродромот во Минхен беа прекинати летовите, а во текот на ноќта имаше и нарушување во железничкиот сообраќај.

Во Улм и Минхен патниците морале да преноќат во возови. Во раните утрински часови, возот што доаѓал од Штутгарт морало да се претвори во „хотелски воз“ на главната станица во Улм, објави весникот Bild.

Дојче Бан“ (германски железници) обезбеди и воз за патниците кои престојуваа на централната станица во Минхен.

Железницата во саботата наутро соопшти дека меѓуградскиот сообраќај е прекинат во поширокото подрачје на Минхен.

Како изгледа сето тоа погледнете на следните фотографии: