ФОТО | БЕЛГРАД НА НОЗЕ – Лидерот на коалицијата “Србија против насилство“: “Не тепаа со палки, дури и одзади, на некои им ги скршија и нозете!“

Откако ги растераа демонстрантите, полицијата и жандармеријата формираа жив обрач околу зградата на Градското Собрание, затворајќи ги сите приоди кон неа, а сообраќајот во поширокото подрачје на тој дел на Белград беше затворен. На теренот имаше голем број полициски сили, со неколку десетици комбиња и теренци, пишуваат соседните медиуми.

На видео-снимките од плоштадот пред зградата на Градското Собрание се гледа и како демонстрантите извадиле поголема количина камени блокови со кои фрлале кон зградата и и ги кршеле прозорците. По извесно време плоштадот морале да го напуштат и новинарските екипи, а полицајците им рекле дека мора да се засолнат за да извршат акција на тој простор. Меѓу „нападнатите“ демонстранти беа и лидерите на коалицијата „Србија против насилството“.

Се обидовме да ги заштитиме луѓето кои полицијата брутално ги притисна до ѕидот, со палки, штитови…, се обидовме да ги заштитиме, а потоа кога си заминувавме, иако знаеја дека сум народен претставник, го удираа мојот колегите и мене со палки, па дури и одзади. Неколку лица се здобија со тешки телесни повреди, некои со скршеници на нозете… Дел од опозиционерите се заробени во зградата на РИК. Тепачите ги нападнаа оние што протестираа против насилството“, изјави Радомир Лазовиќ за телевизијата N1.

Радомир Лазовиќ

Полицијата употреби непотребна сила. Како да одам на состанок со оние кои ме нападнаа и тепаа без никаква причина ? Ова беше воена состојба, полицајците висеа од возилото, претпоставувам да се обидат уште повеќе да заплашат и да ја покажат својата моќ. Луѓе, имајте на ум дека ова ниво на изборна измама е највисоко досега, толку што бришеа луѓе од избирачките списоци, а вметнуваа други“, додаде Радомир Лазовиќ.

Претседателот е најобичен лажго. Ми се гади од него. Нема потреба повеќе да го слушате, ниту да реагирате на неговите коментари. За мене тој е под нивото на презир“, заврши Радомир Лазовиќ.

слика
слика