Поранешните сопружници Џенифер Гарнер и Бен Афлек дошле за да ја земат својата ќерка Серафина на училиште. Бен возел, додека Гарнер седела на задното седиште, а Серафина на совозачкото седиште. Поранешниот пар во еден момент изгледал многу близок.
Тој се потпре на неа
Разговарале со ќерката и се смееле, а потоа Бен ја потпрел главата на рамото на Џенифер. После тоа, Бен ја возел Џенифер до нејзиниот автомобил во Лос Анџелес

Поранешниот пар се разведе во 2018 година, но остана во добри односи бидејќи заедно имаат три деца. Покрај Серафина, поранешните сопружници ги имаат и ќерка Виолет и син Самуел. Сцените во кои се гушкаат не се невообичаени за нив, а се чини дека Џенифер Лопез, со која Бен сега е во брак, нема ништо против.