ФОТО | Бујното деколте на Џенифер Лопез го украде погледот на сите: Градите и се покриени само со лента, а меѓу нив виси крст

Кралица“ – коментираат на фотографијата на Џенифер Лопез, a таа фотографија е објавена денес на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм, а со тоа можете да погледнете уште една верзија на модна провокација која може да стане тренд, иако се поставува прашањето – каде би се носело вакво нешто во јавноста ?

Додуша, на црвениот тепих видовме голем број од најшокантните изданија кои оправдано можеа да го покренат ова прашање, но стајлингот на Џенифер Лопез ги надмина и таканаречените голи фустани, а нејзината нова објава можете да ја погледнете ОВДЕ.

Познатата пејачка и актерка позираше со луксузен капут, во широки елегантни панталони какви што сака да носи Меган Маркл и со прерамки преку градите.

Речиси 600.000 допаѓања за помалку од 24 часа. Комплиментите ги обединува еден коментар: „Кралица“.

Дел од нејзиниот стајлинг е и ланче со привезок во форма на крст, кој можеби на некои им пречи со ваквото издание.