(ФОТО) Вака изгледал замокот на Драгана и Тони: Бијелиќ сподели слика од ПРЕД 14 ГОДИНИ, промената е НЕВЕРОЈАТНА

Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ решија да се разведат по 24 години љубов.

За време на нивниот долг брак се стекнале со имот на кој многумина им завидуваат, а секако на прво место е замокот во Австрија каде што живееле со години со своите деца.

Тие го изнајмиле замокот Ебенфурт на 100 години од 12.000 квадратни метри, проценет на повеќе од 50 милиони евра.

Замокот во близина на Виена Драганин е оаза на мирот и токму во тој замок некогаш живеела Марија Тереза.

Замокот има сала за бал , каде Драгана организира семејни прослави, има неколку спални соби, базен, камин, дрвени скали кои водат до првиот кат, бања украсена со кристали Сваровски, приватна сауна, а пред неколку години семејното гнездо го потполниле со ефективен италијански мебел.

Сепак, замокот не изгледал секогаш како денес. Имено, Бијелиќ еднаш на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која ја покажа разликата во изгледот од 9 години.

Првата фотографија од замокот пред реновирањето е направена во 2010 година, додека втората, кога е целосно реновиран, е направена во 2019 година.

Тони со таа објава ја покажа разликата во изгледот, а за многумина разликата што ја постигнаа е неверојатна.