ФОТО | ВАКА ИЗГЛЕДА РУСКАТА ОДМАЗДА ЗА СЕВАСТОПОЛ – Хотел кој беше атракција на украинското пристаниште е уништен во ракетен напад врз Одеса

Украинската Армија соопшти дека во ноќниот руски напад со ракети и беспилотни летала на пристаништето Одеса е ранета една жена, а тешко се оштетени зградите и пристанишната инфраструктура.

Медиумската агенција Reuters ги пренесува тврдењата на украинските воздухопловни сили дека нејзината против-воздушна одбрана уништила 19 беспилотни летала од иранско производство, како и 11 крстосувачки ракети и две хиперсонични ракети лансирани од Русија, главно насочени кон Одеса.

Дел од украинските медиуми ги пренесуваат изјавите на Службата за вонредни ситуации на регионот Одеса дека во тој напад бил уништен хотелот „Odessa“ кој се наоѓал во тоа пристаниште на Црното Море.

Одеса

Хотелот во пристаништето во Одеса беше обележје и голема атракција за сите што некогаш биле во градот. Денеска Русија го уништи“, соопшти службата.

Се вели дека хотелот за пристаниште е изграден во 2001 година и не е во употреба од 2011 година, а фотографии од уништената зграда по рускиот напад можете да погледнете ОВДЕ.

Нападот врз Одеса и овој хотел се случи само неколку дена по украинскиот ракетен напад врз седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол, Крим.

BBC во петокот објави дека нападот бил извршен за време на состанокот на командантите на флотата, а украинската Армија тврди дека нападот резултирал со многу мртви и ранети.