ФОТО | “ВИСТИНСКА СНЕЖНА КРАЛИЦА“ – Лепа Брена направи “попис“ во Бања Лука за дочекот на Нова година: Легендарната пејачка воодушеви со стајлингот, а на луѓето и приреди ноќ за паметење

Лепа Брена за новогодишната ноќ настапи во Бања Лука и се пофали со одзивот на луѓето на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм

Велат дека имало попис на населението и сите граѓани се јавиле“, се пошегувал во коментарите под објавата еден нејзин следбеник, а фотографиите од Лепа Брена можете да ги погледнете ОВДЕ.

Освен настапот, обожавателите ја пофалија и нејзината целосно бела модна комбинација во која најголемо внимание привлекоа бундата и капата, а на белите панталони и маичката додала и бели ракавици со циркони. 

Жена за сите времиња“, едногласно напишаа нејзините обожаватели под објавата.

Некои ја нарекоа и како „Снежна кралица“. 

Таа соборува рекорди со настапи, кој друг може да го направи тоа на нејзина возраст ? Секоја чест! Дива“, напишал еден нејзин обожавател под објавата..

Сепак, таа истакна дека нема намера да урива рекорди во Хрватска кога се во прашање концертите. Лепа Брена распродаде два концерта, на 6. и 7. декември годинава во националната арена во Загреб, а додаде и трет, на 9. декември. Пејачката веќе кажа дека ќе прави паузи меѓу концертите за да може да се одмори, бидејќи тешко е да се издржи вакво темпо.