Во Колумбија е уапсен еден од најбараните хрватски бегалци, 37-годишниот Мануел Вулиќ.
Предупредувањето за неговиот престој во Колумбија на тамошните власти им го доставила американска безбедносна агенција.
Вулиќ бил уапсен во акција на колумбиската полиција и Интерпол.
Тој имал лажни документи и се претворал дека е меѓународен полицаец кој во таа земја спроведува истраги.
Се наведува дека кај него се најдени словенечки документи, меѓу кои и лична карта на има на друго лице која го акредитирала како полициски службеник на Словенија.
Според американската истрага, Вулиќ е наводен лидер на меѓународна организација составена од неколку хрватски државјани, а која наводно се бави со шверц на кокаин од Колумбија во Европа.
Истрагата покажала дека мрежата, која Вулиќ наводно ја предводи, се поврзува со убиства како и купување, продажба и производство на оружје и експлозиви.