ФОТО | ДЕВОЈКАТА КОЈА НЕЈЗИНАТА МАЈКА ЈА “ПРОДАДЕ“ ЗА СЛАВА – Најубавата девојка на светот денес има 22 години и изгледа неверојатно добро

Многумина ја критикуваа нејзината мајка дека и го одземала детството на нејзината ќерка поради нејзината огромна желба нејзиното дете да стане познато и да заработи многу пари. Насловот што го носеше Тилан Блондо, а кој гласи „најубавата девојка на светот“ говори многу.

Оваа Французинка, која ја споредуваат со Брижит Бардо, буквално порасна преку ноќ, од мала се соочила со предизвици кои се тешки дури и за возрасните. Рефлектори, камери, позирање на насловните страници, шминка и облека далеку над нејзината возраст го одбележаа раниот период од нејзиниот живот. Тилан Блондо и денес е во очите на јавноста.

тул русокоса
Тилан Блондо

Таа стана позната, а која е цената на тоа најдобро знаат таа и нејзината мајка. Тилан Блондо постигна завиден моден успех, таа и глуми и е редовна гостинка на водечки светски настани. Таа во моментов го користи одморот за да ужива на плажа во Мајами каде била со пријателка.

Засега приказната за неа се одвива без поголеми турбуленции и паузи. Нема навестување дека Тилан Блондо, како и многу деца-ѕвезди, ќе се сопне и ќе падне во разни замки од кои е тешко, а понекогаш и невозможно да се избега. Сепак, прашање е дали нејзиното необично детство ќе се исплати подоцна во некој поголем поттик.

Ќерката на фудбалерот Патрик Блонд и Вероника Лубри, француска актерка и ТВ водителка, дебитираше на јавната сцена на начин кој беше крајно контроверзен бидејќи како 10-годишно девојче се појави на страниците на магазиног Vouge носејќи високи потпетици. Секој детал од нејзините фотографии беше несоодветен, но одобрен од нејзината мајка Вероника Лубри, која нагласи дека јавната кариера не влијае негативно на воспитувањето и развојот на нејзината ќерка.

тул русокоса
Тилан Блондо

Тилан Блондо имала само четири години кога започнала да се занимава со мода, работејќи за Жан Пол Готје, а подоцна и за модната куќа „Dolce and Gabbana“. На седумгодишна возраст таа го имаше првото модно снимање, а од 2005 до 2016 година работеше за француска модна агенција која промовира успешни деца.

Таа беше прогласена за најубава девојка на светот, а на 15-годишна возраст го имаше своето актерско деби во „Belle & Sebastian: The Adventure Continues“. Во меѓувреме, таа беше редовен гостин на гала настани на кој се појавува во непримерна облека, како што проценија многумина.

Нејзината мајка верувала дека славата не треба да чека, а Тилан Блондо има само 22 години.