ФОТО | Додека Новак Ѓоковиќ се бори за нова титула, Јелена се забавува на концерт на Лепа Брена! Сопругата на тенисерот се обидела да ги избегне папараците, а за нејзиниот стајлинг ќе се зборува долго!
Лепа Брена и Сенида претходната ноќ во Србија си ги одмерија силите на подиумот, а публиката имаше за задача да одлучи кој е победникот.
На овој спектакуларен настан се појави и Јелена Ѓоковиќ, сопругата на еден од најдобрите тенисери во светот, Новак Ѓоковиќ.

Јелена Ѓоковиќ не сакала да даде изјава за соседните медиуми, туку кратко им позирала на фотографите, па се свртела и си заминала, папараците продолжиле по неа.
На овој настан кој се одржува на „Калемегндан“ се собрале голем број луѓе, но и покрај тоа Јелена Ѓоковиќ не успеала да се вклопи во толпата, како што очигледно сакала, пишуваат соседните медиуми.
Потсетуваме, Новак Ѓоковиќ денес настапи на Ролан Гарос и избори пласман во осминафиналето на овој турнир.