ФОТО | Една од најубавите актерки ужива со семејството во Мексико – Салма Хајек повторно покажа колку 50-тите години можат да бидат секси!

Во Лос Кабос, Мексико, атрактивната актерка Салма Хајек (56 г.) плови по морето и ужива во друштво на својот сопруг милијардер – Франсоа-Анри Пино и нивната ќерка Валентина.

слика
Салма Хајек
слика
Салма Хајек

Популарната 56-годишна актерка ги покажа своите облини во впечатливи сино-бели бикини со златни детали и го комплетирала впечатливото издание со две ланчиња. Ја пуштила косата и не и било потребна многу шминка. Салма Хајек е забележана безгрижно како ужива на јахта и го поминува времето со нејзиниот сакан, со која се омажи во 2009 година. Модниот магнат носел сини гаќички за капење, а тие исто така биле и модерно координирани, бидејќи Салма Хајек подоцна носела капчиња во истата нијанса.

Инаку, ова не е прв пат да ја видиме Салма Хајек како го покажува сиот свој раскош ова лето.

Како што пишува магазиниот Page Six, 56-годишната актерка ги почести обожавателите со жешки фотографии додека го прославуваше „Националниот ден на бикините“, вежбајќи или едноставно уживајќи на јахта. 

Со секоја фотографија сè повеќе луѓе ја прашуваат како успева да остане толку „младешка“, а таа тврди дека се откажува од инјекциите ботокс во корист на медитација за да го одржи често споменуваниот младешки изглед.

слика
Салма Хајек
слика
Салма Хајек и Валентина Пино

Двојката ја има 16-годишната ќерка Валентина Пино, а францускиот бизнисмен има уште три деца од претходните врски: ќерката Матилда и синот Франсоа, двајцата од бракот со Дороти Лепер и синот Аугустин со манекенката Линда Евангелиста.