ФОТО | Застрашувачка сцена од невремето во Италија – драма на небото: Патнички авион бил тешко погоден од парчиња мраз и итно слетал во Рим – погледнете

Патнички авион е тешко оштетен за време на силно невреме што денес ги погоди северните делови на Италија.

Италијанската медиумска агенција ANSA наведува дека екстремно голем град го оштетил авионот кој летал од Милано за Њујорк.

Авионот на летот DL185 полетал непосредно пред невремето од Милано, но принудно слетал на аеродромот во Рим откако парчиња мраз го оштетиле трупот и крилата на авионот. За среќа немало повредени патници.

Авио-компанијата Delta соопшти дека авионот бил пренасочен кон аеродромот во Рим откако наишол на неповолни временски услови по полетувањето.

Авионот безбедно слета на аеродромот во Рим нешто пред 14 часот и патниците нормално се симнаа. Летот претрпе одредени оштетувања за време на лошото време што го проверува нашиот локален тим за одржување“, соопштиле од авио-компанијата.

Една жена, да потсетиме, загина за време на силно невреме што ги зафати северните делови на Италија.

Според ANSA, жената (58 г.) починала откако врз неа паднало дрво, кое се срушило поради лошото време во Монца. Итната помош пристигнала на местото на несреќата, но не можеле да направат ништо, а на пожарникарите им требало долго време да го извлечат телото заглавено под дрвото.

Силно невреме пропратено со бурни ветрови и град го погоди северот на Италија во текот на попладневните часови.

За само неколку минути небото над Милано стана црно, а ветрот собори неколку дрвја и оштети покриви. Неколку лица се повредени во Лењан откако дрвја паднале врз автомобилите во кои се наоѓале.