ФОТО | Избришан тик-ток профилот каде вчера било најавено убиството на Орхан Бајрами-Оки

Откако во медиумите беше објавено дека на друштвената мрежа Тик-ток има акаунт на кој се најавуваат убиства повеќе од една година, од вчера вечерта профилот не е достапен.

Се уште нејасно е кој стои позади овој профил на друштвената мрежа, но и дали тој е згаснат поради опасност за откривање на сторителите/нарачателите или пак има влијание и македонската полиција.

Инаку во Грција се уште се испитува дали убиството е резултат на пресметка или се работи за крвна одмзада

Грчката полиција трага по две непознати, маскирани лица кои утрово отворија оган против неколку лица во Ханиоти на Халкидики, при што беше убиен 39-годишен, а повреден 45-годишен маж, двајцата државјани на Македонија, додека пак на местото на убиството биле принајдени 19 чаури и еден куршум, јави дописничката на МИА од Атина.

Непознатите лица по кои трага полицијата се товарат за убиство, обид за убиство и прекршување на законот за оружје.

Според извори од грчката полиција, во изнајмен апартман во Сани Вилас во Ханиоти се наоѓале пет лица на возраст од 19 до 45 години, сите од Македонија, а непознатите сторители смртно го раниле 39-годишниот, додека пак 45-годишниот бил повреден во десниот дел на градниот кош.

Повредениот бил пренесен во болница во Полигирос, каде што е хоспитализиран и е вон животна опасност.

На местото на убиството во надворешниот дел од изнајмениот апартман, според истите информации на МИА, полицијата пронашла  19 чаури, еден куршум и шаржер.