ФОТО | Ирина Шајк на модната ревија се појави со модринка под око

Ирина Шајк на модната недела во Лондон се појави со модрица под окото и ги загрижи фановите.

Но, набрзо беше објавено дека се работи за лажна модрица и дека е така нашминкана за ревија на модниот бренд Mowalola. На една од фотографиите таа носеше маица на која е испечатена фотографија од Тупак и високи чизми.

Меѓу познатите личности кои беа во публика за време на ова шоу се и нејзиното поранешно момче Канје Вест и неговата нова девојка Бјанка Ценсори. Поранешниот пар остана во добри односи.

Инаку, во последните неколку дена Ирина е во јавноста бидејќи се гледа со Том Брејди. Во октомври минатата година тој се разведе од Жизел Бундхен, со која ги има синот Бенџамин Реин и ќерката Вивијан Лејк.

Сепак, изворот открил за Page Six дека Ирина сè уште има чувства кон Бредли Купер со кого има шестгодишна ќерка и се надева дека некогаш ќе се смират.

Тие неодамна беа на одмор во Венеција, а папараците ги снимија како се шетаат.