ФОТО | Како се хранат децата на најбогатата старлета во светот ? Тоа што го јадат тие, децата во Македонија никогаш не би го ‘посакале’
Најпознатата старлета, Ким Кардашијан, води посебен начин на живот кој е сосема поинаков од животот на другите луѓе.
Големата слава и парите диктираат посебен начин на живот, а многумина се прашуваат како нејзините деца се навикнуваат на тоа бидејќи постојат верувања дека уживаат во луксуз.
Сепак, постојат строги правила кои мора да ги почитуваат децата на Ким Кардашијан и Канје Вест. Освен тоа, начинот на кој се хранат нејзините деца изненади многумина.
Имено, на фотографиите кои се појавија неодамна може да се види како мајка и ќерка прават суши и пржено пилешко во својата кујна, додека во еден момент Норт Вест, нејзината најстара ќерка, решила да изеде голем залак неизлупен кромид како јаболко.
Се чини дека нејзините деца претежно јадат вегетаријанска храна, бидејќи Ким Кардашијан неодамна се пофали на социјалната мрежа Х (Твитер) со својот огромен фрижидер полн со претежно зеленчук, а таа објава можете да ја погледнете ОВДЕ.
Интересно е и тоа што Ким Кардашијан, како и Кортни Кардашијан, забранила секој да го користи зборот „дебела“ пред нејзините деца. Таа постојано потенцира дека сака нејзините деца да имаат самодоверба и да бидат задоволни со својот изглед.