ФОТО | КИМ ЏОНГ УН НЕ СЕ ШЕГУВА – Северна Кореја спроведува ‘тактички нуклеарен напад’: “Ова е предупредување за непријателите!“

Северна Кореја во саботата изведе симулирана вежба – „тактички нуклеарен удар“ со две крстаречки ракети со долг дострел, објавија државните медиуми, додека лидерот Ким Џонг Ун ја надгледуваше изградбата на бродови во фабрика за муниција.

Споменатата вежба била изведена во саботата наутро со цел да се „предупредат непријателите“ дека земјата ќе биде подготвена во случај на нуклеарна војна, пренесува државната медиумска агенција KCNAПјонгјанг вели дека ќе продолжи да работи на „тактики за одвраќање“ насочени кон Вашингтон и Сеул.

Две крстаречки ракети со лажни нуклеарни боеви глави биле истрелани кон Жолтото Море на западната страна на полуостровот, прелетајќи 1.500 километри на височина од 150 метри.

слика
Ким Јонг Ун 
слика
Ким Јонг Ун 

Со цел да ја истакне важноста од зајакнувањето на поморските сили на Северна Кореја, Ким Џонг Ун посети фабрика за муниција и комплекс каде во тоа време се произведуваат поморски мотори.

Ким Џонг Ун потврди дека на идната пленарна седница на Централниот комитет на Работничката партија, акцентот ќе биде ставен на модернизацијата и развојот на бродоградбата“, се вели во соопштението на државната агенција, но не е прецизиран датумот на пленарната седница.

Последната севернокорејска вежба уследи два дена по завршувањето на заедничката годишна вежба меѓу Јужна Кореја и САД, која траеше 11 дена, при што беа спроведени воздушни вежби со бомбардери B-1B.

Севернокорејскиот лидер ја посети морнаричката флота на источниот брег пред десет дена за да биде сведок на тестирањето на крстосувачки ракети, додека Пјонгјанг го критикуваше договорот меѓу Сеул и Вашингтон за зајакнување на воената соработка потпишан минатиот месец.

слика