ФОТО | КРАЛИЦАТА НА ПОПОТ СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА – Мадона е спремна и наскоро ќе ги објави датумите за нејзината јубилејна турнеја: “Ви благодатам за вашата неверојатна поддршка!“

Поп-кралицата Мадона изгледа добро се опоравува по здравствената криза која ја зафати на крајот на јуни, толку добро што најави дека наскоро ќе ги објави точните нови датуми на нејзината турнеја „Celebration“. 

Датумите најпрво ќе се појават во објава на социјалната мрежа Инстаграм на профилот на 64-годишната ѕвезда, а како што најави, тоа ќе се случи во следните неколку дена.

Мадона беше принудена да ја одложи светската турнеја „Celebration“, со која сака да ја одбележи со своите обожаватели 40-годишнината од објавувањето на нејзиниот прв албум. Поради тешка бактериска инфекција која за малку ќе ја убиеше и поради која заврши на итна хоспитализација, а потоа и домашно лекување, таа беше принудена да ја одложи турнејата. 

Повторно ви благодариме за вашата неверојатна поддршка и трпеливост во изминатите неколку недели. Со задоволство можам да кажам дека во наредните денови доаѓа новиот распоред на концерти. Се гледаме наскоро на заслужена прослава“, им напиша кралицата на попот на своите обожаватели над фотографијата од жолта роза на дланката.