ФОТО | МВР ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЛИЦЕТО КОЕ ПУКАШЕ ВО “ИСТ ГЕЈТ МОЛ“ – Еве кој отвори оган кон Раде Трајковски – Штекли

Министерството за внатрешни работи (МВР) обезбеди фотографија од лицето кое со огнено оружје пукаше кон две лица во трговскиот центар East Gate Mall (Ист Гејт Мол) во Скопје при што тие се здобија со повреди и беа пренесени во болница за укажување помош.

На фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го изврши кривично-правниот настан. Ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Скопје ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на  телефонските броеви 192 или 112“, соопшти МВР.

Според веќе потврдени информации, мета на пукањето што се случи во трговскиот центар е лицето Раде Трајковски – Штекли, кој неофицијално се поврзуваше со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев во Скопје. Тој пред две години беше екстрадиран по апсење во Србија и беше предаден на македонските власти по што беше спроведен во Истражниот затвор „Шутка“.

На социјалните мрежи се кружи и видео од пукањето во East Gate Mall (Ист Гејт Мол), a извори од МВР ја потврдија автентичноста на снимката.

Иако имаше шпекулации дека Раде Трајковски – Штекли им подлегнал на повредите здобиени од нападот врз него, блиски извори до истрагата не ја отфрлаат можноста дека второто лице со иницијали Д.Т. им подлеглано на повредите.

Медицинскиот тим потврди дека се борат за животот на лицето Д.Т. познат во јавноста по прекарот Бате, а за овие информации сепак се уште се очекува официјални потврди од истражните органи.

Претходно, директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков изјави дека двајцата пациенти се примени во болница.

Двајца пациенти се примени во болницата, станува збор за две машки лица. Едниот пациент е задржан кај нас, веднаш е однесен во операциона сала поради сериозноста на повредите. Во моментов се изведува оперативен зафат кај овој пациент. Во тешка состојба е и врз него се врши оперативен зафат поради повреди во стомакот и во градната шуплина. Другиот е препратен на Клиниката за торакална хирургија. И кај едниот и кај другиот пациент се работи за прострелни рани“, појасни Љубен Арсенков.

За потсетување, на 25. август годинава во East Gate Mall исто така имаше пукање предизвикано од мафијашка пресметка, а како и денес, и тогаш мета на вооружена пресметка беше лицето Раде Трајковски – Штекли.

Раде Трајковски – Штекли